Екипата на Мец славеше против Есбјерг со 32-26 во натпрвар за 3. место на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.
Мец на полувреме имаше водство од 18-12. Во второто полувреме Мец ја завери победата против Есбјерг за освојување на 3. место на Ф4 турнирот.
Најефикасна во тимот на Мец беше Грас Заади со седум погодоци, додека кај екипата на Есбјерг најефикасна беше Хени Рејштад со десет погодоци.

(фото-ЖРК Мец)📷