Екипата на Охрид во натпревар од 10. коло од Супер лига ја очекува гостување кај екипата на Вардар.
Ракометарот на Охрид, Милорад Кукоски изјави дека неговиот тим ќе оди на позитивен резултат против Вардар.
“Не очекува тежок натпревар со екипата на Вардар во Скопје, кој секогаш кога игра на домашен терен е фаворит. И ние и противникот немаме многу време за припрема за натпреварот поради густиот распоред на натпревари. Со борбена игра и концентрација на тоа што треба да го правиме, се надевам дека ако ни се укаже шанса ќе ја искористиме”, – изјави ракометарот на Охрид, Милорад Кукоски.

(фото – ГРК Охрид)📷