Михајло и Методија Илиевски ќе судат два натпревари во Европскиот Куп

Македонските судии Михајло и Методија Илиевски пак ќе имаат задача на европските терени.

Браќата Илиевски ќе судат на втората рунда во Европскиот Куп во машка конкуренција помеѓу екипите на Вогошча од Босна и Херцеговина и Трепча од Косово.

Првиот натпревар ќе се игра на 20 октомври од 19:00 часот во салата “Амел Бечковиќ”, во Босна и Херцеговина, додека вториот натпревар ќе се игра на 22 октомври во истата држава и истата сала од 17:00 часот.

(фото – Архива)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.