Екипите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 покрај сениорските тимови вложуваат и во младите категории, каде продолжуваат со подготовките за новата сезона.
Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 и во сезоната 2026/27 продолжуваат со посветена работа и развој на младите ракометари, со јасна цел – создавање квалитетни играчи кои во иднина ќе бидат подготвени за највисокото сениорско ниво.
Двата клуба во новата сезона ќе бидат застапувани од шест екипи во младинските категории и лиги на РФМ.





(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








