Екипата на Охрид ја очекува дерби натпревар против Еурофарм Пелистер на домашен терен во рамки од 1. коло од Супер лигата.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Николаос Лиапис, кој изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа против Еурофарм Пелистер.
“Сакаме да победиме на домашен терен. Натпреварот е многу важен за нас. Знаеме дека Пелистер е силна екипа и дека ќе биде многу тешко. Ќе се бориме за секоја топка и со поддршката од нашите фанови оваа победа ќе биде наша”, – изјави ракометарот на Охрид, Николаос Лиапис.

(фото – ГРК Охрид)📷








