Денес официјално започна подготвителниот период на младинската машка ракометна репрезентација пред настапот на Светското првенство во ракомет за играчи до 21 година за 2025 година.
По денешниот собир во 12:00 часот пред просториите на РФМ, нашите младинци се упатија кон Маврово, каде што во попладневните часови го одржаа и првиот тренинг.
Младите ракометни надежи на Македонија на претстојното првенство ќе бидат дел од Група Ф, заедно со селекциите на: Фарско Острови, Исланд и Романија.
(фото – РФМ)📷