Во рамки на подготовките, младинската репрезентација на Македонија одигра контролен натпревар против кадетската репрезентација, во кој младинците славеа со резултат 34:27.
Натпреварот беше одлична можност за проверка на формата, воигрување на составите и стекнување дополнително натпреварувачко искуство за двете селекции.
Следниот контролен натпревар меѓу младинската и кадетската репрезентација на Македонија ќе се одигра на 6 ноември 2026 година (петок), со почеток во 12:00 часот.
(фото – РФМ)📷








