Младост Богданци ослабен славеше победа кај Партизан Гевгелија

Екипата на Младост Богданци успеа да слави победа против екипата на Партизан Гевгелија на гостински терен со минимални 31-30.

Во првото полувреме се играше гол за гол, и двете екипи на полувреме заминаа со нерешен резултат 12-12. И во вториот дел од натпреварот се играше гол за гол, но на крајот екипата на Партизан Гевгелија промаши за реми и загуби од Младост Богданци.

Најефикасен во екипата на Младост Богданци беше Митко Стоилов со девет погодоци, додека кај екипата на Партизан Гевгелија најефикасен беше Тодор Узунчев со осум погодоци.

Рк Партизан Гевгелија 30-31 Рк Младост 1977 Богданци

(фото-Рк Младост 1977 Богданци)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.