Ракометарите на Младост Богданци забележаа победа против екипата на Партизан Гевгелија со 35-21 во Првата лига.
Тимот на Младост Богданци во текот на целиот натпревар го имаше водството, па на крај заслужено победи против Партизан Гевгелија.
Најефикасен во тимот на Младост Богданци беше Димитар Пеев со седум гола, додека кај Партизан Гевгелија најефикасен беше Васил Зајков со осум гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷