Екипата на Младост Богданци забележа победа на гостински терен против тимот на Шампион со резултат 38-26 во Првата лига.
Тимот на Младост Богданци од почетокот ја презеде контролата на натпреварот, па така немаше проблеми околу победата против Шампион.
Најефикасен во тимот на Младост Богданци беше Антонио Николоски со осум гола, додека кај екипата на Шампион најефикасни беа Бобан Дебрешлиоски и Стефан Огненовски со по пет гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷