Екипата на Младост Богданци забележа висока победа против екипата на Овче Поле со убедливи 46-29 во Првата лига.
Составот на Младост Богданци во текот на целиот натпревар имаше високо водство за на крај да го совлада Овче Поле.
Најефикасен во редовите на Младост Богданци беше Даниел Андоновски со осум гола, додека кај Овче Поле најефикасни беа Кристијан Стаменков и Стојанче Ристов со по седум гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷








