Екипата на Младост Богданци забележа висока победа против екипата на Кичево со убедливи 57-13 во Првата лига.
Составот на Младост Богданци победата ја обезбеди уште во првото полувреме, кога на полувреме имаше високи 27-5.
Најефикасен во редовите на Младост Богданци беше Ѓорѓе Атанасов со 13 гола, додека кај екипата на Кичево најефикасни беа Петар Стерјоски и Славко Бошковиќ со по три гола.
(фото – Рк Младост 1977 Богданци)📷








