Ракометарите на Вардар го имаа првиот официјален собир и го одработија првиот тренинг, со што означија старт на подготовките за новата сезона во која клубот влегува со големи амбиции.
Во тимот пристигнаа неколку нови имиња кои треба да донесат дополнителен квалитет и ширина во играта.
Нови ракометари на Вардар се десниот бек Мохаб Абделхак, голманот Милан Бомаштар, левиот бек Леон Љевар и средниот бек Матео Фадуил. На подготовките се приклучуваат и кадетските репрезентативци Бобан Поповски и Марко Ѓорчески, како и средниот бек Никола Начовски од младинскиот состав.

(фото – Рк Вардар 1961)📷








