Екипата на Тиквеш заедно со навивачката група Лозари во недела на 2 април се пред важен ракометен испит, дуелот со екипата на Еурофарм Пелистер.
Тимот на Тиквеш и навивачката група заедно донесоа одлука овој натпревар да биде во знак на хуманоста.
“Кога хуманоста е одлика на едно општество, единствено што посакувате е да припаѓате таму.
РК Тиквеш заедно со навивачката група Лозари во недела на 2ри април се пред важен ракометен испит, дуелот со РК Еурофарм Пелистер. Но заеднички донесовме одлука тој испит да го полагаме со знак на хуманоста!.
За таа намена, РК Тиквеш во поддршка со навивачката група Лозари, донесоа одлука средствата собрани од продажба на картите од натпреварот помеѓу екипата на РК Тиквеш и РК Еурофарм Пелистер да бидат наменети за малиот Петар!
Нашата борба е за спортско Кавадарци, за генерациите сега и оние кои ни доаѓаат.
Искрено се надеваме на масовно присуство, да му погомнеме на Петар, да бидеме хумани, несебично да помагаме кога е најпотребно, и за крај да победиме за Петар!
Сите во сала!” – стои во соопштението од Тиквеш.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷