Ненад Костески: Овој турнир е најстар на Балканот

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе учествува на турнирот во Добој, а прв противник на екипата е Ал Ахли од Египет.

За овој турнир своја изјава имаше и десното крило Ненад Костески, кој кажа дека за Еурофарм Пелистер овие натпревари на овој турнир ќе бидат добредојдени.

„Овој турнир е екстра-квалитетно натпреварување, има голема традиција, најстариот турнир на Балканот е. Овие натпревари во Добој ќе бидат добар тест за сите нас пред почетокот на сезоната. Се спремаме за Ал Ахли, многу квалитетен ривал не чека. Ќе одиграме максимално, ќе дадеме се од себе да ги почнеме овие подготовки со позитивни резултати”, – изјави Ненад Костески.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.