Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) ги делегираше судиите и делегатите за 6. коло од плеј-офот и плеј-аутот од Супер лигата.
Судиската двојка Ненад Николовски и Исмаил Металари ќе го судат натпреварот меѓу екипите на Вардар и Алкалоид, додека делегати ќе бидат Душко Камишевски и Марјан Огњановски.
Натпреварот меѓу екипите на Вардар и Алкалоид ќе се одигра денеска со почеток од 18:00 часот во салата “Јане Сандански”.
(фото – Архива)📷








