Со потврдување на ростерот од минатата сезона и доведување на квалитетни новајлии, полека се комплетира Еурофарм Пелистер за сезоната 2025/26.
Десниот бек на словенечката репрезентација, Нејц Цехте, го продолжи договорот со клубот на уште една сезона. Така Цехте наскоро ќе ја започне третата сезона во Македонија, откако во 2023 година дојде од Скандинавија.
Нејц Цехте е стандарден репрезентативец на Словенија со околу стотина настапи во дресот со државниот грб. Својата професионална кариера ја градеше во Горење (Словенија), Хановер (Германија) и ГОГ Гудме (Данска). Со Еурофарм Пелистер освои две шампионски титули, а во претходните две европски сезони постигна педесет погодоци (16 гола во сезоната 2024/25 и 34 гола во сезоната 2023/24).

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷