Никлас Ландин е нов голман на Алборг!

Екипата на Алборг го потпиша голманот на Кил и на репрезентацијата на Данска, Никлас Ландин кој заминува од Кил летото 2023 година.

Никлас Ландин потпиша договор со данскиот тим Алборг до 2027 година. Ландин настапува за Кил и за репрезентацијата на Данска, а претходно настапуваше и за ГОГ Гудме, Рајн Некар Левен, Бјерингбро Силкеборг.

“Имав неколку фантастични години во Германија, но неодамна имаше некои семејни причини па затоа решив да се вратам во Данска. Во исто време, јас продолжувам да имам големи спортски амбиции, а тука ракометот на Алборг е совршен,” – изјави Никлас Ландин.

(фото-Рк Алборг)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.