Екипата на Еурофарм Пелистер ја очекува натпревар од 2. коло од групната фаза од Лигата на шампионите против Фуксе Берлин.
Натпреварот се игра денеска со почеток од 20:45 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола. За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Еурофарм Пелистер Никола Митревски.
“Го очекуваме вицешампионот на Германија, една од најсилните екипи во Европа и за нас тоа е нова шанса за докажување. Ни претстои прв натпревар на домашен терен, очекуваме полна сала и огромна поддршка од публиката и од “Чкембарите”. Со нив ќе се обидеме да го оствариме она што не успеавме на претходниот натпревар”, – изјави ракометарот на Еурофарм Пелистер, Никола Митревски.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷