Екипата на Охрид ја очекува натпревар на домашен терен против екипата на Еурофарм Пелистер 2.
За овој натпревар своја изјава имаше и ракометарот на Охрид, Никола Ристески, каде изјави дека неговиот тим ќе атакува на победа на овој натпревар.
“Во петок ни гостува екипата на Еурофарм Пелистер 2, млада екипа која многу трча и сака да се докажува. Сметам дека мора да влеземе максимално фокусирани од почеток на натпреварот и да славиме победа пред домашната публика”, – изјави ракометарот на Охрид, Никола Ристески.

(фото – ГРК Охрид)📷








