Екипата на Прилеп, која има високи амбиции за новата сезона во Супер лигата се засили со нов голман.
Станува збор за ракометарот Никола Стојкоски, кој од следната сезона ќе го носи дресот на Прилеп.
Ракометарот Никола Стојкоски настапува на голманската позиција и претходно ги носеше дресовите на Вардар Неготино, Драчево и тимот на Скопје 2020.

(фото – Рк Прилеп)📷








