Номинирани 14 ракометарки за избор за најдобра ракометарка за сезоната 2024/2025

Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) номинираше 14 ракометарки, каде ќе се избере најдобрата ракометарка за сезоната 2024/2025.

Ракометните фанови ќе можат да гласаат на социјалните мрежи за нивната најдобра ракометарка од 14 номинирани ракометарки.

Победничката ќе биде крунисана и наградена на 01.11.2025 година на гала вечерта – „Ракометари на годината 2025“.

Номинирани се ракометарките: Марија Јанкуловска, Симона Грујовска, Теодора Гулицоска, Ана Марија Коларовска, Андреа Илиќ, Бојана Коцева, Борјана Коцева, Емилијана Ризоска, Катерина Дамјаноска, Марија Анчева, Теодора Дукоска, Марија Гугуљанова, Стефанија Ѓорѓиевска и Хана Мифтари.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *