Екипата на Овче Поле Славјански Универзитет забележа победа против екипата на Астибо со конечни 33-26 во Женската Прва лига.
Ракометарите на Овче Поле Славјански Универзитет диктираа темпо на резултатот во текот на целиот натпревар за на крај да слават против Астибо.
Најефикасна во редовите на Овче Поле Славјански Универзитет беше Анастасија Сентовска со десет гола, додека кај Астибо најефикасни беа Мила Филипова и Анастасија Богоевска со по шест гола.
(фото – ЖРК Овче Поле Славјански Универзитет)📷








