Одржан првиот турнир за помлади пионери од скопскиот регион (ФОТО)

Во спортската сала „Расадник“ во Скопје, во организација на Ракометната федерација на Македонија, се одржа ракометен турнир за помлади пионери (У13) од Скопскиот регион.

Турнирот помина во одлична спортска атмосфера, исполнета со натпреварувачки дух, дружење и голема желба за докажување на младите ракометни надежи.

Во наредниот период вакви турнири ќе се организираат и во останатите региони низ државата, со цел развој и промоција на ракометот кај најмладите категории.

Помлади пионери (мажи), групна фаза, резултати:

Рк Алкалоид 15-20 Рк Топка Аеродром

Рк Пролет 62 20-3 Рк Топка Лисиче

Рк Македонија Ѓорче Петров 2 3-18 Рк Топка Кисела Вода

Рк Алкалоид 24-2 Рк Топка Лисиче

Рк Топка Аеродром 21-9 Рк Топка Кисела Вода

Рк Македонија Ѓорче Петров 2 4-23 Рк Пролет 62

Рк Илинден 17-14 Рк Карпош 2

Рк Македонија Ѓорче Петров 1 15-12 Рк Шампион

Рк Илинден 17-13 Рк Топка Карпош 1

Рк Топка Карпош 2 5-10 Рк Шампион

Рк Македонија Ѓорче Петров 1 17-9 Рк Топка Карпош 1

(фото – РФМ)📷



Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *