Екипата на Еурофарм Пелистер на социјалните мрежи објави дека од утре стартува продажбата на билети за натпреварот со Вардар.
Натпреварот меѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се одигра во среда со почеток од 18:00 часот во салата “Боро Чурлевски”, во Битола.
Продажбата на билетите ќе стартува утре со почеток од 12:00 часот каде ќе можат да се купат на стандардните места во Битола и онлајн.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷








