В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески потпиша меморандум за соработка со претседателот на ракометниот клуб Аеродром, Дарко Петровски.
Овој меморандум опфаќа продлабочување на веќе воспоставената соработка со цел меѓусебна координација, планирање и реализација на заеднички активности.
Токму затоа, меѓу другото, меморандумот опфаќа организирање на ракометни школи и работилници во основните училишта во Општина Аеродром, за што поголема популаризација на ракометот меѓу децата.

(фото – Фејсбук/Општина Аеродром)📷