Ракометарите на Охрид забележаа победа против ракометарите на Тинекс Пролет со високи 30-20 во 11. коло од Супер лигата.
Иако на полувреме Охрид имаше водство од 13-11, сепак во второто полувреме со добра игра успеа високо да го совлада Тинекс Пролет.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Гоце Ојлески со осум гола, додека кај Тинекс Пролет најефикасен беше Андреј Стојановски со пет гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








