Екипата на Охрид забележа победа против екипата на Бутел Скопје со конечни 31-26 во натпревар од плеј-офот од Супер лигата.
На полувреме беше нерешено со конечни 16-16. Во второто полувреме Охрид со добра игра стигна до победа против Бутел Скопје.
Најефикасен во редовите на Охрид беше Ален Ќосевски со девет гола, додека кај Бутел Скопје најефикасен беше Дејан Михајловиќ со седум гола.
(фото – ГРК Охрид)📷








