Охрид загуби од Целје минимално во Европскиот Куп

Екипата на Охрид загуби од екипата на Целје со минимални 27-26 во полуфиналето од Европскиот Куп.

Составот на Целје имаше контрола на резултатот во поголемиот дел од натпреварот, но Охрид се врати и успеа да си замине со минус еден гол од Словенија.

Најефикасен кај екипата на Целје беше Аљуш Анжиќ со осум гола, додека кај Охрид најефикасен беше Дарко Ѓукиќ со пет гола.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *