Екипата на Охрид ја очекува реванш натпреварот против Татабања на домашен терен во финалето од Европскиот Куп.
Од клубот Охрид организираат фан-зона пред натпреварот со Татабања, која ќе биде пред салата “Билјанини Извори”.
“Дојдете на забава во фан зоната на ГРК Охрид за финалето на ЕХФ Европскиот Куп! Во фан зоната ќе се следи натпреварот во живо на лед екран! Се надеваме на позитивен резултат и заедно да го кренеме европскиот пехар со сите наши поддржувачи”, – објавија од ГРК Охрид на социјалните мрежи.

(фото – ГРК Охрид)📷








