Павле и Петар Атанасијевиќ во Еурофарм Пелистер до 2028 година

Новата сезона тропа на врата, но битолскиот проект се протега многу подолго и затоа клубот размислува и за иднината. Двата репрезентативни „бисери“ и членови со години наназад, Петар и Павле Атанасијевиќ ги продолжија договорите до јуни 2028 годинан и својата иднина ја гледаат во Битола и во шампионскиот тим.

Со овој потпис клубот јасно покажува дека од прогресот и скокот од Еурофарм Пелистер 2 во Еурофарм Пелистер, сака браќата Атанасијевиќ да ги задржи и во нивното целосно созревање, заокружувајќи една деценија во зелено-белиот дрес.

Петар и Павле Атанасијевиќ имаат по 22 години и веќе можат да се пофалат со три шампионски титули и два Суперкупа на Македонија, а зад себе имаат и по неколку големи натпреварувања во дресот на македонската репрезентација.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *