Екипата на Пелистер забележа победа против екипата на Спартак со конечен резултат од 40-32 во Женската Супер лига.
Тимот на Пелистер и на полувреме имаше водство од 22-15. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Пелистер, па на крај да слави победа против Спартак.
Најефикасна во редовите на Пелистер беше Моника Босилковска со 11 погодоци, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Мила Мемов со 9 погодоци.
(фото – ЖРК Пелистер)📷