Пикерот Владимир Јевтиќ го продолжи договорот со Бутел Скопје

Српскиот пикер Владимир Јевтиќ го продолжи договорот со екипата на Бутел Скопје на уште една сезона.

Владимир Јевтиќ дојде пред година и пол во Скопје, остави одличен впечаток и раководството на му понуди нов договор.

“Бутел е екипа што има душа, срце и карактер, и покрај се што ни се случуваше оваа година, успеавме да ја оствариме целта за оваа сезона. За година и пол колку што сум овде немав никакви проблеми и со сите во клубот имаме голема почит. Иако имав понуди и од Македонија и од странство, сепак се решив да останам уште една сезона, и сметам дека го донесов најдоброто решение за мене. Се надевам дека во новата сезона, Бутел Скопје ќе биде уште посилен”, – изјави Владимир Јевтиќ.

Бутел предводен од тренерот Кристијан Грчевски оваа сезона го освои третото место во суперлигашката конкуренција и со тоа обезбеди место во Лигата на Европа.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести