Пионерската екипа на Прилеп во рамки од 9. коло од пионерската лига ја совлада екипата на Еурофарм Пелистер со конечни 24-17 на домашен терен.
Составот на Прилеп го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај да прослави победа против Еурофарм Пелистер.
Најефикасни во редовите на Прилеп беа Илија Стојаноски со шест гола и Борјан Јовановски и Петар Јованоски со по пет гола.
(фото – Рк Прилеп)📷








