Во Охрид вчера официјално започна јубилејното, 5. издание на ракометниот камп „40х20“, кој ќе трае до сабота.
Повеќе од 120 учесници од пет држави – Македонија, Шведска, Германија, Швајцарија и Србија – во наредните седум дена ќе имаат можност да ги усовршуваат своите ракометни вештини, да стекнуваат нови знаења, да се дружат и да уживаат во бројни едукативни и забавни активности.
Организаторите и оваа година подготвија богата и разновидна програма, која опфаќа спортски, едукативни и развојни содржини. Основната цел на кампот останува непроменета – кај најмладите да се развива љубовта кон ракометот, најтрофејниот тимски спорт во Македонија, а на повозрасните учесници да им се овозможи работа со врвен тренерски кадар и дополнителна надградба на нивните знаења и способности.

(фото – Фејсбук/Ракометен Камп “40×20”)📷








