Повикани 19 ракометарки за тест натпреварите со Норвешка

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го објави списокот од 19 ракометарки за ЕХФ неделата што ќе се одржи од 26 септември до 2 октомври.

Женската сениорска репрезентација на Македонија ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Норвешка.

Првиот натпревар ќе биде од затворен тип и ќе се одигра на 29 септември, додека вториот натпревар е од отворен тип и ќе се одигра на 1 октомври во 16:00 часот, а влезот ќе биде слободен.

Собирот на репрезентацијата е закажан за 26 септември со почеток во 13:00 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. 

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести