Поделба на бодовите помеѓу Спартак и Феникс АМС

Екипите на Спартак и Феникс АМС одиграа нерешено со конечни 27-27 во натпревар од плеј-аутот во Супер лигата.

Во првото полувреме Спартак имаше водство, и на пауза замина со предност од 15-13. Во второто полувреме следуваше добра серија на Феникс АМС за на крај двете екипи да одиграат нерешено.

Најефикасна во екипата на Спартак беше Ангела Гроздановска со 12 погодоци, додека кај екипата на Феникс АМС најефикасна беше Ана Марија Талева со 11 погодоци.

(фото-ЖРК Спартак)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести