Во просториите на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше извршена ждрепката за Ф4 турнирот во Лигата на Европа во машка конкуренција.
Екипата на Монпелје ќе игра против Кил во првото полуфинале, додека во второто полуфинале ќе играат екипите на Фленсбург и Мелсунген.
Ф4 турнирот во Лигата на Европа во машка конкуренција ќе се игра на 30 и 31 мај во Хамбург (Германија).

(фото – ЕХФ)📷








