Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави составите на репрезентациите на Словачка и Македонија за баражот за пласман на СП 2027 година.
Македонија во ростерот ќе има 16 ракометари. Во состав нема да бидат Васил Гогов, Филип Николов, Марко Стојковиќ и Мартин Ивановски.
Натпреварот меѓу селекциите на Словачка и Македонија ќе се одигра денеска со почеток од 19:00 часот во салата “Татран Прешов”, во Прешов (Словачка).

(фото – РФМ)📷








