Денеска Македонија го игра реваншот против Романија во Букурешт во рамките од првиот бараж за пласман на Светското првенство во Полска и Шведска.
Селекторот Кире Лазаров направи една промена во составот на местото од средниот бек Марко Митев ќе биде десното крило Ненад Костески.
Исто и во селекцијата на Романија ќе има промена, во составот ќе биде Хаивер Хумет кој игра на позицијата десен бек и настапува во екипата на Динамо Букурешт.
Реваншот се игра денеска од 17:00 часот со пренос на МРТ1, нашата селекција брани предност од осум гола разлика кога првиот меч заврши со победа на Македонија од 30-22.
(фото-РФМ)📷