По завршувањето на Ф4 турнирот од пионерската лига во машка конкуренција беа доделени индивидуални награди и признанија за најдобрите.
За МВП на Ф4 турнирот прогласен беше Петар Митев од Алкалоид, а Мартин Пандиловски е прогласен за најдобар голман исто така од Алкалоид, додека Даниел Христовски од Еурофарм Пелистер 2 е најдобар стрелец.
Познат е Ол Стар тимот на Ф4 турнирот кај пионерите:
Мартин Пандиловски (Рк Алкалоид) – голман
Христијан Ангеловски (Рк Мулти Есенс) – лево крило
Јован Спироски (ГРК Охрид) – среден бек
Горјан Петрушевски (Рк Мулти Есенс) – лев бек
Иван Великов (Рк Алкалоид) – десен бек
Емануел Вумвулакис (Рк Мулти Есенс) – десно крило
Владимир Николовски (Рк Алкалоид) – пикер

(фото – Филип Вирановски/Рк Алкалоид)📷








