Македонската јавност и македонскиот ракомет се завиени во црно, откако почина првиот селектор на Македонија, Славе Атанасовски – Чаве.
Атанасовски, кој беше роден 1945 година, својата кариера ја започна како голман, но потоа беше прекомандуван како бек. Тој започна во екипата на Партизан, потоа настапуваше за Графичар, сегашен Вардар, а беше дел и од екипите на Борец, Металург и Тинекс Пролет.
Под негово водство во 1993 година, Македонија го одигра првиот официјален репрезентативен меч против селекцијата на Романија.

(фото-Архива)📷