Првиот натпревар Охрид ќе го игра во Унгарија против Татабања, додека реваншот на домашен терен во финалето од Европскиот Куп

Во седиштето на Европската ракометна федерација (ЕХФ) беше извршена ждрепката за домаќинствата во финалето од Европскиот Куп.

Екипата на Охрид првиот натпревар против екипата на Татабања ќе го одигра во Унгарија, додека реваншот ќе се одигра во Македонија (Охрид).

Првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп ќе се одигра во Татабања на 23/24 мај, а реваншот во Охрид на 30/31 мај.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *