Екипата на Прилеп, која има високи амбиции за следната сезона во Супер лигата ги започна подготовките за новата сезона 2025/2026.
Составот на Прилеп во новата сезона влегува со нов тренер, а тоа е Наум Танески. Исто така тимот се засили со неколку ракометари.
Нови засилувања на клубот се Божидар Лековиќ, Димитар Димитриоски и Сандро Дарсаниа.
(фото – Давид Марковски)📷