Ракометарите на Прилеп одиграа нерешено на гостувањето кај екипата на Куманово со резултат 28-28, и изборија опстанок во Супер лигата.
На полувреме Прилеп имаше предност од 16-13. Во второто полувреме Куманово заигра подобро, па успеа на крај да одигра нерешено против Прилеп.
Најефикасен во тимот на Куманово беше Вучко Мрвовиќ со осум гола, додека кај екипата на Прилеп најефикасен беше Давор Шокоски со седум гола.
(фото – Рк Прилеп)📷