Екипата на Прилеп славеше на домашен терен против составот на Тинекс Пролет со 27-24.
Од почетокот на натпреварот Прилеп го имаше водството и ја контролираше играта, на полувреме домашната екипа замина со предност од 14-8. Во вториот дел од натпреварот во последните неколку минути се играше гол за гол, но со добрата одбрана составот на Прилеп забележа победа во Суперлигата.
Најефикасен кај екипата на Прилеп беше Реваз Чантурија со шест погодоци, додека кај составот на Тинекс Пролет најефикасен беше Давор Палевски исто така со шест погодоци.
Рк Прилеп 27-24 Рк Тинекс Пролет
(фото-Рк Прилеп)📷