Екипата на Прилеп забележа победа на гостувањето кај екипата на Еурофарм Пелистер 2 со конечни 28-24 во плеј-аутот од Супер лигата.
Составот на Прилеп го имаше водството во текот на целиот натпревар, па на крај да слави победа против Еурофарм Пелистер 2.
Најефикасен во редовите на Прилеп беше Димитар Димитриоски со десет гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасен беше Славчо Шулески со седум гола.
(фото – Рк Прилеп)📷








