Екипата на Прилеп забележа победа против екипата на Струга со конечни 30-25 во 5. коло од плеј-аутот од Супер лигата.
Составот на Прилеп од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па на крај да ја совлада Струга.
Најефикасен во редовите на Прилеп беше Никола Цветаноски со шест гола, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Александар Стојков со седум гола.
(фото – Рк Прилеп)📷