Екипата на Прилеп забележа победа против екипата на Струга со конечни 34-26 во Супер лигата.
Составот на Прилеп на полувреме имаше водство од 18-11, па во второто полувреме продолжи со водството за на крај да слави против Струга.
Најефикасен во редовите на Прилеп беше Денис Шабановиќ со шест гола, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Филип Мечкароски со осум гола.
(фото – Рк Прилеп)📷








