Екипата на Струга забележа победа на гостувањето кај екипата на Радовиш со конечни 26-24 во натпревар од Супер лигата.
Иако тимот на Радовиш имаше водство во поголемиот дел од натпреварот, сепак на крај Струга се радуваше на победа.
Најефикасен во редовите на Струга беше Наум Костов со седум гола, додека кај Радовиш најефикасен беше Здравко Постолов со осум гола.
(фото – 24Ракомет)📷








